Богоев: СДСМ презеде навремени мерки за граѓаните за справување со кризите

СДСМ е консолидирана, се враќа на победничките патеки и постојано е со вас граѓаните, ги слуша вашите барања и ги следи вашите потреби, порача од Новаци потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев на денешната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Новаци.
 
Богоев посочи дека СДСМ преку Владата и инситуциите што ги предводи презеде навремени и ефикасни мерки за справување со последиците од економската и енергетската криза. 
 
- 750 милиони евра обезбедивме за мерки за помош на граѓаните и компаниите. Оваа криза покажа колку е важно домашното производство на храна, па затоа за земјоделците обезбедивме дополнителни 52 милиони евра како помош, истакна Богоев. 
 

 

Потпретседателот Богоев порача дека само една година е доволна да се види на дело неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои немаат реализирано ниту еден значен проект, но затоа знаат парите на граѓаните да ги трошат на партиски вработувања и да ги зголемуваат цените на комуналните услуги во време на криза, на штета на граѓаните. 
25.10.2022 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега