Бочварски: Македонија ќе вложи над една милијарда евра во железница

Министерот за транспорт и врска Благој Бочварски денеска изјави дека Владата планира инвестиција од над една милијарда евра само во железничката мрежа. „Финализирањето на патниот и железничкиот Коридор 8 е предизвик и нешто на кое сме силно фокусирани во овој период. Нашата цел е со регионалните партнери, Бугарија, Албанија и Италија овој Коридор да го позиционираме во единствениот Коридор на Западен Балкан“, рече Бочварски на денешниот панел за Кластерот 4. За овој приоритет, рече, веќе разговарал со еврокомесарката за транспорт.

Во однос на приоритетите поврзани со кластерите 21 и 4, е, подвлече Бочварски, и алатката „е-транспорт" која овозможува посебна граѓанска контрола врз внатрешниот и меѓународниот превоз на патници.

„На Коридорот 10 работиме на постапките за воведување интелигентен транспортен систем (ИТС) кој подразбира имплементација на мерки за поголема безбедност и информации за возачите во реално време. Во 2023 година е предвидена тендерска постапка и имплементација на ИТС“, рече министерот.

Тој се осврна и на зелената агенда, нагласувајќи дека се најавени измени во Законот за градење со кои ќе се поедностави постапката за поставување фотоволтаици, како за физичките така и за правните лица.

17.11.2022 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега