Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В.(25) од с.Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од Љ.Д.(56) с.Брест, штипско, при што двете возила се запалиле и целосно изгореле.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Актуелно
- (ВИДЕО) „Се тресеше околу десет секунди“ – Први снимки од синоќешниот земјотрес, луѓе бегаат од зградите
- Ќе запре ли одливот на медицинки кадар од Македонија – Собранието заседава
- УХМР информира: Каде натрупа најмногу снег низ Македонија
- „БМВ“ се заби во камион: Двете возила целосно пеплосани – сообраќајот отежнат
- Тлото не мирува – по синоќешниот силен земјотрес, регистрирани се серија потреси во регионот
- Ќе нема струја до 15 часот – ЕВН најави исклучувања во неколку општини
- Сообраќајна несреќа кај Хиподром: Воведена девијација на патот Куманово – Скопје
- Времето денеска променливо облачно, попладне дожд и снег

