Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе лежи во затвор – МВР приведе лице барано со потерница
    • (ВИДЕО) Испливаа првите снимки од пукањето во Турција: Отишол на училиште со ловџиска пушка и отворил оган
    • МВР со засилени контроли: Над 10 илјади прекршоци за четири месеци
    • Нови можности за филмот и младите автори – Скопје гради нови партнерства за развој на филмската култура
    • Свечено отворање на Grand Casino Admiral Tetovo
    • Есенската агенда на Стопанската комора: Финансии, дигитализација и регионална соработка
    • Пукање пред училиште во Турција – повредени најмалку четири ученици
    • ФОТО: Тажна вест – Почина пионерката на македонската анимација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бизнисот со јасни барања: Отворени граници и борба со корупцијата

    Бизнисот со јасни барања: Отворени граници и борба со корупцијата

    03.07.2026 во 10:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, денеска повторно порача дека бизнис заедницата бара отворање на границите, засилена борба против корупцијата и сивата економија, спроведување на гасификација, силна поддршка на извозот и континуитет во правните прописи.

    Во своето обраќање на форумот организиран од Комората, Азески истакна дека регионот мора да ја продлабочи соработката и доследно да ги следи европските вредности.

    Тој нагласи дека е неопходно заедничко делување во насока на економски напредок, посочувајќи дека без вистинска соработка нема одржлив развој.

    -Бараме отворање на границите на сите можни начини. Го поддржуваме и ангажманот на Владата која во последните шест месеци заедно со бизнис секторот работи на унапредување на економската соработка со повеќе земји. Тоа треба да продолжи и во иднина – истакна Азески.

    Тој оцени дека државата во изминатите години изградила значајни основи за справување со економските предизвици, но дека се потребни дополнителни реформи.

    -Она што недостига е јасна платформа на темелни вредности од кои не смееме да отстапиме: борба против корупцијата и сивата економија, брза гасификација, поддршка на извозот и доследен континуитет на правните прописи. Овие приоритети се клучни за понатамошен развој – нагласи тој.

    Азески додаде дека и покрај сериозните кризи во изминатите децении, државата покажала отпорност и напредок, но дека процесот на реформи мора да продолжи без застој.

    -Нема враќање назад, мора да одиме напред. Потребна е вклученост на сите општествени чинители, од академската заедница до невладиниот сектор, за создавање политики во интерес на граѓаните и стопанството – порача Азески.

    На форумот обраќања имаа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и евроамбасадорот Михалис Рокас.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Ќе лежи во затвор – МВР приведе лице барано со потерница

    22.09.2026 во 10:18

    МВР со засилени контроли: Над 10 илјади прекршоци за четири месеци

    22.09.2026 во 10:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.