Вчера во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција.
Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Полицијата заплени пиштоли, револвери и куршуми – кавадарчанец дома има цел арсенал оружје
- Хорор го потресе регионот: Тројца мажи се борат за живот – сечеле боца
- Трагедија во Италија: Бојлер уби мајка татко и две деца
- Приведен гостиварчанец поради трговија со дрога: Полицијата му пронашла марихуана при претрес
- Дневен хороскоп: Астролозите советуваат да се избегнуваат нагли одлуки и наместо реакција, да се избере слушање
- Груевски предлага план за спас од загадувањето: Со две евтини мерки до 90% почист воздух
- Продолжува судењето за трагедијата во „Пулс“: Во Идризово се сослушуваат нови сведоци
- Сообраќајка во Охрид откри серија прекршоци: Пијан возач со три забрани предизвикал судир, полицијата ги одзеде возилата

