Основниот суд во Битола го прифати предлогот на Обвинителството и му одреди мерка притвор на 31-годишниот битолчанец, кој е под истрага за производство и дистрибуција на детска порнографија. Осомничениот, кој работел во образовна установа, беше приведен како дел од голема меѓународна операција предводена од Австралиската федерална полиција.
Според доказите, тој во период од две години (од април 2024 до април 2026 година) на своите домашни компјутери набавувал и поседувал материјали со сексуална злоупотреба на деца. Неговиот идентитет бил откриен откако австралиските служби ги лоцирале ИП-адресите од Македонија кои пристапувале до спорните веб-страници.
Во акцијата се вклучени Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, кои веќе ги анализираат запленетите уреди.

