Битола: Ја тепал бившата саат време - не можела да издржи па си ги пресекла вените

 

39 годишен битолчанец се сомничи дека повеќе од 1 час ја држел затворена во викендичка својата поранешна девојка и при тоа ја тепал удирајќи ја со клоци и тупаници. Како што информираше обвинителството, осомничениот на 21 октомври ја земал својата поранешна девојка со автомобил и ја однел во викендичка во битолско нижеполе. Уште по пат почнал да ја удира со тупаници а насилството продолжило и во викендичката каде подолг период ја држел затворена  при тоа удирајќи ја со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото. Девојката во еден момент нашла нож и си ги пресекла вените но насилникот продолжил да ја тепа.
Од Обвинителството информираат дека осомничениот се уште е во бегство а судија на претходна постапка веќе му одредил и притвор што значи дека веднаш штом ќе биде пројаден мерката притвор ќе почне да тече.

 

30.10.2024 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега