Close Menu
Press24
    Најново

    Битиќи: Реконструкцијата е само нов театар за добивање време и обид на ВМРО да ја концентрира моќта

    13.07.2026 во 22:02

    Советот на ЕУ го одложи продолжувањето на санкциите против Русија

    13.07.2026 во 21:07

    Втората пратка на „Страјкери“ од САД пристигна во Македонија

    13.07.2026 во 20:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Битиќи: Реконструкцијата е само нов театар за добивање време и обид на ВМРО да ја концентрира моќта
    • Советот на ЕУ го одложи продолжувањето на санкциите против Русија
    • Втората пратка на „Страјкери“ од САД пристигна во Македонија
    • Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски
    • Лефков: СДС денес со мизерна објава, преку клевети за политичко компромитирање се обидуваат да го дефокусираат вниманието од сопствените проблеми
    • Спасовски: Нервоза и навреди од Мицкоски и Стоилковиќ кон пратениците на СДСМ, бараме реакција од Гаши
    • Брвеница доби привремен градоначалник
    • Позираaт на плажа, прегрнати: Џина и Мелина Џиновиќ уживаат на Азурниот Брег
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: Реконструкцијата е само нов театар за добивање време и обид на ВМРО да ја концентрира моќта

    Битиќи: Реконструкцијата е само нов театар за добивање време и обид на ВМРО да ја концентрира моќта

    13.07.2026 во 22:027 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница,нагласи дека реконструкцијата на Владата не е признание за грешките ниту обид за подобрување на институциите, туку нова распределба на моќта и концентрација на контролата во рацете на ВМРО. Битиќи посочи дека кадровските промени не се темелат на анализа на резултатите и одговорност, туку на политичка пресметка, при што коалициските партнери се сведуваат на формално присуство, а различностите се маргинализираат. Притоа, Битиќи предупреди дека Владата ја продлабочува евроскептичната политика, ја користи темата за идентитетот за политичка мобилизација и ја оддалечува државата од европскиот пат, додека реконструкцијата,е само „театар за добивање време“. 

    Во продолжение е интегралното обраќање на Битиќи:

    „Во политиката секој чин има симболична вредност која ја кажува вистината пред таа да биде искажана со зборови. На овој начин започна и оваа реконструкција на Владата.

    Сценографијата на денешната собраниска седница веќе претходно беше поставена. Новиот состав беше најавен, ресорите беа поделени, политичката математика завршена, но се чекаше „Охридско лето“ да биде отворено од министерот во заминување, кој се вклопува во шаблонот на ВМРО-ДПМНЕ дека е ист како нас или не е различен.

    Детал преку кој, користејќи го јазикот на надмоќта, се покажува кој треба да биде лицето на државноста, културата и традицијата, а кој треба да остане во чекалната на коалициската подреденост.

    Станува збор за владина поставеност во која другиот глас е прифатлив само додека не бара реално учество во одлуките. Партнерството е пожелно додека е подредено, а државата се замислува како сцена на која главната улога секогаш мора да ѝ припадне на истата политичка матрица.

    Пред нас е распоред на влијание што не произлегува од признание за грешки, ниту, пак, започнува со отчет за сработеното, со анализа на резултатите, со дијагноза што не функционирало и со план како институциите ќе станат подобри. Имаме кадровска кореографија поставена врз нова мапа на контрола и концентрација на одлучувањето.

    Милуваат ова да го наречат нова енергија, но енергија без инклузивни вредности завршува во самоволие, чија цел е коалициските партнери да се сведат на протоколарна присутност, а секоја плуралност што не се вклопува во тесниот поглед да биде дисциплинирана или декоративна.

    Демократската власт, кога реконструира, прво објаснува. Авторитарната власт, кога реконструира, прво преместува. Едната бара одговорност, другата бара послушност.

    Ребалансот не е тема на денешната расправа, но е контекст што не смее да се игнорира.

    Дефицитот се зголемува од 3,5 на 4,1% од бруто-домашниот производ, а за половина година е потрошен 115,9% од првично планираниот годишен дефицит. Во овој фискален амбиент, новата енергија служи за покривање на финансиската нервоза.

    Кога се крати во развојните буџетски ставки, а влијанието се прераспределува, реконструкцијата станува прашање на тоа кој ќе ги контролира паричните текови.

    Најјасно тоа се гледа во системот во кој секој денар значи лек, терапија, операција, термин и човечка надеж. Се намириса над 300 милиони евра и одеднаш стана важно тие пари да не останат под контрола на некој што е различен. Вистинската моќ за него не смее да биде достапна.

    Кадровските решенија за кои расправаме денес се само статисти во сценариото за враќање на територијата под своја командна вертикала, односно ВМРО-ДПМНЕ да ја приближи касата до себе.

    Се продолжува со логиката што ја видовме при реорганизацијата на државната управа. Тогаш, под зборовите како рационализација и функционалност, дел од ресорите што политички и симболички се перципираа како албански беа преобликувани или развластени. И по две години суштината остана иста – различноста да биде присутна, но не и влијателна и рамноправна во одлуките.

    За жал, ова е современа форма на мајоризација, која не мора да биде изразена со груб јазик. Доволно е институционално да ја остави различноста без реална системска тежина.

    ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со националистички наратив дека државата била земена од други, од различни. Реториката се облекуваше во антикорупциската облека, но често носеше етнички подтекст.

    Наместо прецизна одговорност за конкретни злоупотреби, се создаваше чувство дека цела една заедница е проблем. Се произведуваше политичка стигма. Наместо секој што злоупотребил функција да одговара, се наметнуваше порака дека одредена етничка присутност сама по себе е сомнителна.

    Денес го гледаме вториот институционален чин. Од приказната дека тие ја зеле државата се преминува кон практиката: сега ќе се знае кој владее.

    Во таквата логика, еден етникум се третира како публика на која треба да ѝ се докаже доминација врз другите етнички заедници, кои како актери во владината коалиција треба да бидат доволно присутни за сликата да изгледа европски, но не доволно влијателни за одлуката да биде навистина заедничка.

    Додека се случува ова, партнерите на ВМРО се однесуваат само како нотари на сопственото потиснување.

    Европската приказна е најголемиот тест на ова лицемерие.

    ВМРО-ДПМНЕ со години шири сомнеж кон европскиот процес. Европската интеграција ја претставува како уцена, диктат, понижување и закана за идентитетот на моите почитувани сограѓани Македонци.

    Но ова не е само домашна политичка игра. Европскиот парламент веќе предупреди дека во регионот растат хибридни влијанија, дека странски авторитарни центри користат политички, медиумски и економски канали и дека проектите како „Српски свет“, како и влијанието преку Белград, Москва и Пекинг, не се невини културни симпатии, туку геополитички механизми што ја оддалечуваат Северна Македонија од европскиот пат.

    Евроскептицизмот на ВМРО создаде празен простор кој, во геополитичка смисла, не може да остане празен. Ако тој простор не го пополнат европските правила, го пополнуваат корозивни кредити, нетранспарентни партнерства и регионални проекти што ја гледаат нашата држава како периферија на авторитарни влијанија.

    Оваа епизода ја преживеавме со унгарскиот кредит.

    И сега погледот на власта се врти кон вториот пензиски столб, каде што се акумулирани над 3 милијарди евра приватни пензиски заштеди на граѓаните.

    Од финансиската зависност до идентитетскиот страв, матрицата е иста. Кога нема инклузивна визија за иднината, доминантната партија произведува чувство на загрозеност. Ако за економијата се бара спас во лесни пари, за европскиот пат се бара изговор во идентитетот.

    И овде е една од најдлабоките неправди кон моите сограѓани Македонци.

    Владата им сугерира дека нивниот идентитет е толку кршлив што може да се распадне со една уставна реченица. Дека внесувањето на Бугарите во Уставот е културна капитулација.

    Тезата дека македонската посебност мора да се чува со страв, а не со самодоверба, претставува потценување на нејзината сила.

    Јас сум Албанец и токму затоа ова го кажувам со длабока почит.

    Верувам во македонскиот културен израз како живо ткиво создавано низ генерации. Верувам во историската упорност на моите сограѓани кои поминале низ многу поголеми бури од една европска преговарачка рамка.

    Европската Унија не е машина за асимилација, ниту простор во кој малите култури исчезнуваат. ЕУ е сцена на која посебностите стануваат повидливи, јазиците добиваат поширок одек, културите се среќаваат без да се поништуваат.

    Оваа реалност ја разобличува манипулацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да кажат дека македонскиот идентитет е доволно силен за Европската Унија, велат дека ЕУ е опасност за идентитетот.

    Авторитарната политика секогаш има потреба од страв, бидејќи само на тој начин може да ја оправда концентрацијата на моќта. Без поделба на вистински народ и сомнителни други, не може да ја исклучи различноста.

    Притоа, секоја разлика станува проблем, независно дали е етничка разлика, политичко несогласување, културна посебност, критичко мислење, независен глас, европски компромис, синдикално барање или медиумско прашање.

    Сè што не се вклопува во тесниот поглед на ВМРО-ДПМНЕ се третира како непријатност што треба да се замолчи, исмее, потчини или протоколарно укроти.

    Демократијата, напротив, е широка куќа. Во неа има место за несогласување, за критика, за културна разновидност, за социјална правда и за институции што не ѝ припаѓаат на ниту една партија.

    Зрелата држава не се плаши од својата општествена сложеност, туку ја организира правично. Несигурната власт ја претвора многугласноста во ризик затоа што не знае да владее без доминација.

    И овде доаѓаме до темата за правичната и соодветна застапеност. Суштината е довербата кон државата дека не е туѓа за никого и дека секоја институција не е затворен клуб на мнозинството.

    Идејата е различните граѓани да имаат реално влијание врз јавниот живот.

    Но Законот за правична застапеност, за жал, заглави во собраниските процедури.

    Ова е новата реалност и новата реконструкција не е ништо само еден нов театар за добивање време“.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски

    13.07.2026 во 20:44

    Лефков: СДС денес со мизерна објава, преку клевети за политичко компромитирање се обидуваат да го дефокусираат вниманието од сопствените проблеми

    13.07.2026 во 20:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.