Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска излезе со дециден демант по информацијата дека Финансиската полиција поднела кривична пријава против него за злоупотреба на службената положба. Бислимоски тврди дека сите постапки за одземање на лиценци се водени строго според Законот за енергетика и дека во РКЕ не постоеле „привилегирани играчи“.
Тој порача дека е подготвен да го докаже својот интегритет и дека ќе ги стави на располагање сите информации до обвинителството.
„Нема да дозволам на ниту еден начин, имајќи предвид дека сум и татко, и сопруг, и брат, и пријател, да биде извалкано моето име. Цврсто сум сигурен дека ќе докажеме дека апсолутно немало никакво прекршување“, нагласи Бислимоски.

