БиХ бара меѓународна потерница за Додик
Судот на Босна и Херцеговина побара распишување меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, откако ја преминале државната граница, а по нив има распишана внатрешна потерница, пишува Кликс.ба.
Судот на БиХ го поднесе барањето за меѓународна потерница до канцеларијата на Интерпол во Сараево, а за да биде ефективна меѓународната потерница треба да биде одобрена од централата во Лион.
Додик ја премина државната граница во понеделникот за прв пат откако беше издадена потерница за негово апсење, со што се отвори можност за распишување меѓународна потерница. По краткиот престој во Србија, веднаш заминал во Израел, каде што и денес престојува.
Граничната полиција на БиХ истражува како Додик ја преминал границата, со оглед на тоа дека има информации дека делегацијата со ротација го поминала граничниот премин Рача без задолжително застанување.
Ненад Стевандиќ претходно ја мина државната граница, заминувајќи за Србија на денот на големите студентски блокади на 15 март. Тој по неколку дена се врати во БиХ, а за јавноста остана непознато како се вратил во земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа