Најновата ескалација во Ормутскиот Теснец, една од најкритичните точки за светската трговија, ја извади на површина сериозната неподготвеност на западните сили за долготраен и интензивен поморски конфликт. Како што пренесува британскиот сервис Би-Би-Си (BBC), и покрај технолошката надмоќ, западните морнарици се соочуваат со логистички и стратешки празнини кои Иран вешто ги користи.

Аналитичарите посочуваат дека децениското фокусирање на копнени војни го ослабна капацитетот за водење војна на море против непријател кој користи асиметрични тактики, како што се роеви од брзи чамци и противбродски ракети.

„Кризата во Ормутскиот Теснец ја покажува неподготвеноста на Западот за поморски конфликт од вакви размери“, се наведува во анализата на Би-Би-Си.

Експертите предупредуваат дека досегашната стратегија на „покажување мускули“ со носачи на авиони можеби не е доволна во тесните води каде маневарскиот простор е ограничен. Дополнително, недостигот на единство меѓу сојузниците (како што видовме со ставовите на Германија и Британија) дополнително ја комплицира одбраната на трговските рути.

Додека Вашингтон тврди дека иранската морнарица е десеткувана, воените стратези на теренот се загрижени за „скриените“ капацитети на Техеран кои можат да го блокираат протокот на нафта, што би предизвикало глобален економски шок за кој Западот, според анализата, моментално нема соодветен одговор.

Exit mobile version