Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Консултативниот совет за национална безбедност (CSNS) за среда, 7 октомври, откако два трговски брода беа нападнати од дронови во Црното Море, во ексклузивната економска зона на Бугарија.

Седницата ќе започне во 13 часот во зградата на Претседателството, а главна тема ќе бидат актуелните ризици и закани за поморската безбедност и критичната инфраструктура на земјата во контекст на војната во Украина. Одлуката следува по барањата од политичките партии за разгледување на можните последици врз националната безбедност.

Во инцидентот, еден од бродовите потона, додека 18 членови на екипажот на вториот брод беа евакуирани и спасени со помош на бугарски ферибот, при што двајца морнари беа сериозно повредени. Потеклото на беспилотните летала сè уште не е утврдено. Коментирајќи ја ситуацијата, бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека иако настанот е крајно загрижувачки, членовите 4 и 5 од НАТО не можат да се активираат бидејќи инцидентот се случил во неутрални, а не во територијални води.

„Овој инцидент се случил на 130 километри од нашиот брег. Иако спаѓа во нашата економска зона, сè уште не се смета за територијални води, туку е класифициран како неутрални води“, истакна Радев, додадоајќи дека министерството од август следи и сомнителен брод што неконтролирано плови во Црното Море.

Exit mobile version