Без вода утре дел од општините Студеничани и Карпош

РЦУК соопшти дека утре, во одреден период од денот, без вода ќе бидат дел од општините Студеничани и Карпош.

Според ЈП „Водовод и канализација“, поради уличен дефект од ф – 100 мм на улицата „7“ бр.12 во село Батинци, во периодот од 09.00 часот до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од селата Батинци и Љубош, додека поради поврзување на нова водоводна мрежа од ф – 100 мм на улицата „Скупи“ бб, во периодот од 09.00 часот до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од Момин Поток и место викано Криви Дол. 

19.02.2023 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега