Без вода од 9 часот денеска ќе бидат корисниците на една скопска населба

Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Орце Николов“, на потегот од улицата „Аминта Трети“ до булеварот „Климент Охридски“ во Општина Центар.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и Канализација“, причината за прекинот е дефектот на затварач од ф – 80 мм на улицата „Орце Николов“ број 88.

Корисниците ќе останат без вода се до санирање на дефектот.

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираа дека прекин на водоснабдувањето ќе имаат и корисниците од улицата „Струма 3“ поради уличен дефект ф-100мм

Прекинот че започне во 08:30 часот, а ќе трае се до завршување на работните актовности.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2020 - 08:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега