Без струја утре дел од Кисела Вода и Влае и село Семениште

Без струја утре ќе бидат дел од скопските населби Кисела Вода и Влае и село Семениште во Општина Сарај.

Како што информираат од РЦУК Скопје утре без струја во периодот од 8:30 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Георги Димитров“ број 23/2 и 66/2, „Франк Харкорд Манинг“ и „14 Декември“ број 1 и 3 во Кисела Вода.

Во периодот од 9:30 до 14:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Семениште во општина Сарај, а од 10:30 до 14:00 часот и корисниците од улица „Франц Розман“ од броевите 7 до 15 во општина Карпош.

23.02.2023 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа