Без струја делови од неколку скопски општини

ЕВН Македонија известува дека без електрична енергија ќе останат неколку скопски општини.

Во периодот од 08.30 до 15.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците број 7, 9, 15, 63, 65, 67, 69, 73 и 100 во населба Волково во општина Ѓорче Петров, објектите на Вардартурс, Виндија, Радек, Панзеро, Калабрија, Ренотрукс, Домо Софа, Циглана Градба, Фестина, Пхоеникс Ел Фарма, Процентар Салон 29, Експанда ДООЕЛ, Фахрије Љама, Суперауто Контрол, Зекири Митат, Кени Ел Дооел, Технокомерц -Љубомир Крстиќ, Електроанастасиади, Интеграл-99, Еликсир ДООЕЛ, Универзал комерц, Дигитал Центар ДОО, Павлески Васил, Фригофуд, Промис ДООЕЛ, Еуробулс, Европалек Фарма, Феникс Фарма ДООЕЛ, Бако и Енмон, дел од корисниците од улицата 1550, како и дел од корисниците од крак на улицата Јадранска Магистрала кон улицата 1550 во општина Бутел.

Во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците лоцирани околу каналот во близина на Стопански Двор во општина Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија, а во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Самоилова поточно објектите лоцирани на главната улица околу Сирма во општина Центар.

 

 

30.01.2024 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега