Close Menu
Press24
    Најново

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56

    Испразнете ги базентите, август и септември се пикот на западнонилската треска, посочи Клековски

    17.08.2026 во 16:35

    Работна средба со претставници на Проектот на Европската Унија за владеење на правото

    17.08.2026 во 17:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење
    • ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ
    • ЦУК: Активни седум пожари, два под контрола и 13 изгаснати
    • Трамп со нова закана: „Ако Оман ни се испречи на патот, ќе го разнесеме“
    • Напишани 63 казни за пијани возачи
    • Воен авион принудно слета на автопат во Франција и се запали, двајца повредени
    • Утре почнуваат уписите на студенти на државните универзитети
    • Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бесплатни wi-fi зони на Филолошкиот факултет, Универзитетот „Мајка Тереза“ доби нов чет бот

    Бесплатни wi-fi зони на Филолошкиот факултет, Универзитетот „Мајка Тереза“ доби нов чет бот

    01.12.2025 во 19:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од денеска бесплатни ви-фи зони за студентите на Филолошкиот факултет. Ама не секаде. 

    Сител провери каде има бесплатен интернет. Студентите ќе може да се поврзат на мрежата „Free Wifi by MDT“ во аулата на факултетот, да пребаруваат на Гугл додека седат во амфитеатрите. Интернет има и во салаТА за седници кога раководството на факултетот ќе носи одлуки. 

    За интнернет во предавалните, студентите ќе почекаат подобри времиња. 

    „Следните чекори ќе бидат направени внатрешно во делот на предавалните и кабинетите. Во оваа фаза целокупниот простор, аулата на факултетот, сите амфитеатри, салата за седници се со оваа можност. Сето ова ќе задоволи повеќе од 700 студенти да бидат вклучени, во истиот момент да ги користат овие услуги“, изјави деканот на Филолошкиот факултет, проф. д-р Владимир Мартиновски.

    Еден час подоцна од промоцијата на бесплатни wi-fi зони, на настан организиран на универзитетот  „Мајка Тереза“ во Скопје, беше претставена новата виртуелнална асистентка. Иновативна алатка која ќе им овозможи насока и поддршка на студентите. Кога ќе отворите на страницата на универзитетот, овој чет бот ќе Ви помогне за неколку секунди да го најдете академскиот календар, распоредот на испити и други информации за факултетот.

    Се отвара суштинското прашање, со каква брзина се дигитализира нашето образование? Додека развојот на вештачката интелигенција (ВИ) во регионот напредува значително побрзо, во Македонија има студенти кои немат ниту основен пристап до интернет во собите на студентските домови.

    Во Албанија, ВИ веќе е дел и од извршната власт. Првата дигитална министерка носи одлуки за тендери. 

    Кај нас голем исчекор во дигитализацијата претставуваат бесплатните ви-фи зони. 

    Прочитај повеќе

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29

    ФОТОВЕСТ: Колони автомобили на бензиските – сите точат пред големото поскапување по полноќ

    17.08.2026 во 19:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.