Бесплатни само дозволите што допрва ќе се сменат, а на оние што веќе ги замениле нема да им се враќаат пари

Министерството за внатрешни работи информира дека одлуката со која граѓаните ќе вадат возачки и сообраќајни дозволи без надоместок е испратена во „Службен весник“ на 14.2.2024 година, објави „Слободен печат“.

 

Според одлуката, не е предвидено да им се враќаат парите на оние граѓани кои веќе ги заменија важечките возчаки и сообраќајни дозволи заради усогласувањето на документите со уставното име на државата, Република Северна Македонија.

 

 – Одлуката за граѓаните да можат да извадат возачка и сообраќајна дозвола без паричен надомест е дадена во „Службен весник“ на 14.02.2024 година. Со одлуката нема да се наплатува кога ќе се врши замена на важечка возачка дозвола со натпис Република Македонија, со нова возачка дозвола со натпис Република Северна Македонија до 31.12.2024 година. Исто така нема да се наплатува кога ќе се врши замена на важечка сообраќајна дозвола за возило со натпис Република Македонија, со нова сообраќајна дозвола за возило со натпис Република Северна Македонија, до 31.12.2024 година. Одлуката стапува во сила со денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“ – одговорија од Министерството за внатрешни работи.

 

16.02.2024 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега