Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во претпладневните часови ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места ќе надминува 60 km/h, особено во источните региони и во Пелагонија.

Минималните температури ќе се движат од -3 до 5 степени, додека максималните ќе достигнат од 3 до 11 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, проследено со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 1 степен, а дневната ќе достигне до 9 степени.

Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, со негативни минимални температури насекаде. Во текот на ноќта кон петок, како и во петок, се очекуваат нови врнежи – во пониските предели од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено, со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник се очекува постепен пораст на дневните температури.

Exit mobile version