Бесими: Позитивни движења во економијата, даночните приходи и придонеси натфрлени

Годината ја завршуваме со економски раст од 4,1  процент  во согласност со нашите проекции и со можност тој раст да се надмине, реализација на капиталните инвестиции  за над 40  проценти повеќе од претходната година и натфрлање во реализацијата на даночните приходи и придонеси во однос на проекциите од ребалансот на Буџетот за 2021 година.

Ова го истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими во неговата објавена колумна во која вели дека очекува позитивните движења во економијата да продолжат.

-Политиките имплементирани од страна на Владата за поддршка на закрепнувањето на економијата, доведе до остварување стапки на реален раст на економијата од 13,4 проценти во вториот квартал и  три проценти во третиот квартал од 2021 година, со што кумулативниот раст за првите три квартали достигна ниво од 4,6 проценти. Овој раст претежно беше предводен од зголемувањето на трговијата на мало и на големо со пораст од 15,9 проценти заклучно првите три квартали од годината споредено со 2020 година и на услугите со пораст од 5,4 проценти. Очекуваме до крајот на годината позитивните придвижувања да продолжат и да ја завршиме годината со економски раст од 4,1 процент, во согласност со нашата проекција, со можност истиот и да се надмине, наведува министерот за финансии.

Во однос на реализацијата на капиталните инвестиции истакнува дека  согласно последните расположливи податоци имаме за над 40 проценти повисоки реализирани капитални инвестиции споредено со истиот период претходната година. Односно, појаснува, реализацијата на капитални инвестиции е на ниво од околу 370 милиони евра или околу 77 проценти реализација во однос на планиреаните средства за 2021 година. Според министерот, реализираните инвестиции се очекува да достигнат највисоки ниво и во апсолутни износи,  дава дополнителен оптимизам за реализирање на големите капитални проекти планирани во Планот за забрзан економски раст.

Во колумната министерот за буџетскиот дефицит наведува дека се очекува тој да биде под шест проценти од проценетиот БДП во 2021 година, наспроти планираното ниво од 6,5 проценти во 2021 година, а исто така намален и од нивото од 8,2 проценти во 2020 година, со тенденција на понатамошно намалување односно 4,3 проценти од БДП, предвидени во Буџетот за 2022 година.

30.12.2021 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега