Возач на „бентли“ е уапсен откако возел со 143 километри на час на делница каде што брзината е ограничена на 50.

Инцидентот се случил вчера (16.11.2025) во 11:45 часот на експресниот пат Лозово-Велес. Полициските службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 45-годишниот М.Ј. од Штип во близина на крстосницата за село Мамутчево.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање ќе се соочи со кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“.

„На 16.11.2025 во 11:45 часот на експресниот пат Лозово-Велес, во близина на крстосница за село Мамутчево, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.Ј.(45) од Штип. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бентли“ со штипски регистарски ознаки со брзина од 143 километри на час на место каде максимално дозволената брзина е ограничена со сообраќаен знак на 50 километри на час. Тој е приведен во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.“

Exit mobile version