Белоруските за украинските граничари : „Нè заплашуваат“

Белоруските граничари тврдат дека украинските граничари ги заплашуваат со обесени кукли „во униформа на руската армија“, кои ги нарекле „Валера“.

Сергеј Павлов, официјалниот претставник на одредот на граничната полиција „Мозир“, за белоруската телевизија изјави дека Украинците наводно рекле дека куклата е „војник убиен во близина на Киев“.

Белоруските граничари, исто така, тврдат дека нивните украински колеги ја оштетуваат „инфраструктурата и покажуваат агресивни гестови, вклучително и оружје, прават навредливи натписи на сообраќајните знаци, лепат летоци со апели и пуштаат политички аудио-снимки во кои се повикуваат оперативците со закани“.

Од Државната гранична служба на Украина во одговор велат дека „не заплашувале, туку навестувале“, пишува „Украинска правда“.

13.03.2023 - 20:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега