Белград: Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти

За време на протестите и немирите кои вчера се одржаа пред Собранието во Белград повредени се 19 полициски службеници и 17 демонтранти.

Од Итната медицинска помош информираат дека никој од нив нема потешки повреди.

Полицаец кој бил на должност е полесно повреден синоќа како пешак во сообраќајна несреќа кога во него удрило патничко возило.

Итната медицинска помош синоќа имала 112 интервенции од кои 30 биле на јавно место.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.07.2020 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега