Американскиот претседател Доналд Трамп е „крајно фрустриран“ и од Русија и од Украина и бара итен крај на четиригодишната војна, изјави неговата портпаролка Каролин Ливит.

Според информациите од Киев, Вашингтон врши силен притисок врз украинското раководство да направи значителни територијални отстапки. Планот на САД, кој наводно содржи 28 точки, предвидува Украина да се повлече од делови на источниот регион Доњецк. За возврат, се бара Русија да се повлече од Харков, Суми и Дњепропетровск – области врз кои Москва и онака нема целосна контрола.

„Тој не сака повеќе разговори. Тој сака акција. Тој сака оваа војна да заврши“, децидни се од тимот на Трамп.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека иако нема строг рок, Вашингтон инсистира нацрт-договорот да биде готов до Божиќ.

Exit mobile version