Close Menu
    Најново

    Бела Хадид, Педро Паскал и други славни личности собраа 5,5 милиони долари за помош на Палестина и Судан

    15.01.2026 во 22:46

    ЈСП со важно соопштение до студентите

    15.01.2026 во 22:21

    Касами пушта автобуси од Тетово до Шапка

    15.01.2026 во 22:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Бела Хадид, Педро Паскал и други славни личности собраа 5,5 милиони долари за помош на Палестина и Судан
    • ЈСП со важно соопштение до студентите
    • Касами пушта автобуси од Тетово до Шапка
    • Хорор во Скопје: 16-годишник прегази пешак
    • Спасовски за Конгресот: Јакнењето на СДСМ ќе значи враќање на довербата кај граѓаните
    • Неофицијално: Над 10 лица уапсени во голема полициска акција за даночно затајување
    • Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
    • Камен ладно на крајот на јануари: Поларен студ ќе ја зафати Европа
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Бела Хадид, Педро Паскал и други славни личности собраа 5,5 милиони долари за помош на Палестина и Судан

    Бела Хадид, Педро Паскал и други славни личности собраа 5,5 милиони долари за помош на Палестина и Судан

    15.01.2026 во 22:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Бела Хадид, Педро Паскал и други славни личности собраа 5,5 милиони долари на хуманитарниот концерт „Уметници за поддршка“ („Artists For Aid“), одржан во театарот Фонда во Лос Анџелес, наменет за помош на луѓето од Палестина и Судан.

    Хадид на социјалните мрежи објави дел од атмосферата од настанот и им се заблагодари на сите кои придонеле за успехот на хуманитарната акција.

    „Собрани се 5,5 милиони долари за помош за Судан и Палестина. Поминавме прекрасна вечер организирана од мојот драг пријател Мустафа Ахмед, а домаќин беше мојот многу драг пријател Педро Паскал, со цел да ја подигнеме свеста за двете итни и меѓусебно поврзани акции – за народот на Палестина и народот на Судан“, напиша таа.

    Таа додаде дека ова е доказ за моќта на колективната акција и дека токму вакви моменти се случуваат кога сочувството се претвора во посветеност. Истакна и дека е длабоко трогната што таа и Паскал имале чест да бидат дел од настанот. Хадид посебно го издвои Палестинскиот фонд за помош на деца наведувајќи дека децата сочинуваат повеќе од половина од населението во Газа.

    „Фондот изврши херојска задача, обезбедувајќи месечна поддршка за најмалку 6.000 деца без родители, испорачувајќи 21 милион литри чиста вода за нивните семејства, евакуирајќи стотици деца од Газа и правејќи многу други чуда. Некои од тие евакуирани деца беа со нас таа вечер. Ви благодарам од срце на сите. Да продолжиме да ги креваме нашите гласови за овие семејства да знаат дека стоиме со нив“, напиша таа.

    Таа потсети и дека повеќе од 12 милиони луѓе се раселени од Судан, додека над 25 милиони се соочуваат со недостиг од храна, додавајќи дека многу организации, вклучително и Обединетите нации, ја опишуваат ситуацијата како најголема хуманитарна криза во светот. Хадид ја истакна и улогата на Суданско-американското здружение на лекари (САПА), организација која ги мобилизира суданските медицински професионалци во САД за поддршка на здравствената заштита и зајакнување на капацитетите во Судан.

    „САПА обезбедува медицински мисии, обуки, залихи и итни интервенции за време на кризи и конфликти. Тие им помогнаа на повеќе од 100.000 деца помлади од пет години и активно поддржуваат повеќе од 100 болници“, наведе таа, цитирајќи ја поетесата Варсан Шир: „Никој не го напушта домот освен ако домот не е во устата на ајкула“.

    На концертот настапија Мустафа, Клеро, Луси Дејкус, Гис, Алекс Џи, Блад Оринџ, Даниел Сизар, Феј Вебстер, Џезмин Саливан, Ноунем, Нур Хинди, Омар Аполо, Рафаел Саадик, Рејвин Ленее, Рекс Оринџ Каунти, Сафија Елхило, Шон Мендес, Сноу Алегра, Тамино и 070 Шејк. Целиот приход од настанот ќе биде наменет за Суданско-американското здружение на лекари и Палестинскиот фонд за помош на деца, кои обезбедуваат значајна медицинска и хуманитарна поддршка за децата во овие земји

    Популарно

    Мрежата се расплетува: Над 10 уапсени во големата акција на ОЈО ГОКК, меѓу приведените и вработени во УЈП

    15.01.2026 во 16:41

    Голема полициска акција во тек – се апсат осомничени за милионска даночна измама

    15.01.2026 во 15:42

    Жерновски: Мицкоски најде „стратегија“ како да ги задржи младите во Македонија – САД нема да им даваат визи

    15.01.2026 во 16:33

    Драма на небото над Скопје: Патници се пресметувале во авион што слетал од Германија

    15.01.2026 во 13:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.