Бектеши: Зелената агенда за Западен Балкан ќе значи раст на економиите и подобар животот на граѓаните

 

 

 

Зелената агенда за Западен Балкан произлезе од потребата да се одговори на предизвиците за заштита на животната средина со кои се соочува регионот и да се усогласат нашите политики со приоритетите на Европската унија дефинирани преку Европскиот зелен договор.

Во оваа насока Северна Македонија веќе направи законски измени и засилено работи на зелена енергетска трансформација преку реализација на инвестиции во зголемување на домашните капацитети за производство на енергија од обновливи извори, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на панел сесијата насловена “Зелена агенда за Западен Балкан: рамка за имплементација за одржлив и климатски неутрален регион“ на Преспа форум дијалогот кој денеска се одржува во Охрид.

„Потребата од зелена транзиција на целиот регион ќе значи раст на економиите и подобар животот на граѓаните“, вели Бектеши.

16.06.2022 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега