Бебе згрижено во јасли во градинката „13 ноември“ во Скопје заразено со коронавирус - вработените први ги забележале симптомите

Петнаесетмесечно дете првиот случај на дете заразено со коронавирус откако се отворија градинките,. Детето било згрижено во јасли во градинката „13 ноември“ во Центар, дознава Канал 5.

Симптомите кај детето први ги забележале вработените во градинката.

Прв пат во градинка дошло на 09.09.2020 год. со уредна документација( медицинска белешка ) на адаптација и детето престојувало 1 час.

Во следните денови детето воопшто дошло во градинка. Родителите се контактирани и учителките се известени дека детето нема да посетува градинка поради вадење на запчиња.

На 14.09.2020 околу 16:00 часот од страна на родителите градинката е известена дека целото семејство вкучувајќи го и детето се позитивни на Ковид 19.

Од страна на Градинката почитувани се сите мерки според Протоколот, известена е епидемиолошката служба и родителите на децата од јаслената група.

Согласно, насоката од Центарот за јавно здравје, од 15.09.2020 групата е затворена, односно учителките од групата и сите деца од таа група се во самоизолација.

Извршена е целосна вонредна дезинфекција на просторијата, објави Канал 5.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.09.2020 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега