Популарниот јутјубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, во гостувањето во емисијата „Телкаст“ на Миња Милетиќ, за прв пат отворено зборуваше за инцидентот во кој му беше запален луксузниот автомобил вреден половина милион евра. Иако сторителот е приведен, Илиќ открива дека нарачателот сè уште не е познат.

Јутјуберот признава дека иако има обезбедување, чувствува одредена доза на загриженост поради ескалацијата на настаните во последно време.

„Го фатија човекот што ми го запали автомобилот, но кој всушност стои зад него сè уште е непознато“, вели Илиќ.

Тој додава дека неговата лична безбедност не му е примарна грижа, туку евентуалните последици врз луѓето од неговото опкружување.

„Знам дека постои можност нешто да ми се случи, но не се плашам бидејќи сум сигурен во мојата безбедност. Иако, ако некој е подготвен да ми го запали автомобилот, којзнае на што друго е подготвен. Размислувам што би можело да им се случи на луѓето што ми се блиски и тоа е единствениот стрес што го имам“, изјави тој во емисијата.

Илиќ нагласи дека веќе седум години се соочува со различни притисоци, но овој настан го смета за сериозна опомена за која сè уште се бараат одговори.

Exit mobile version