Бајден: Вашингтон никогаш нема да ги признае украинските територии

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека референдумите за анексија на четири региони во Украина кои се под контрола на проруските сили се „измама“.

Тој посочи дека Вашингтон никогаш нема да ги признае нивните резултати.

Бајден вчера објави дека референдумите се „лажен изговор за обид за анексија на делови од Украина“ со сила и со флагрантно кршење на меѓународното право, вклучително и Повелбата на Обединетите нации, пренесува „Си-Ен-Ен“.

„Вашингтон никогаш нема да ги признае украинските територии како ништо друго освен како дел од Украина“ – рече тој.

Бајден најави дека САД ќе соработуваат со сојузниците и партнерите за да воведат дополнителни брзи и строги економски санкции кон Русија.

„САД стојат со партнерите ширум светот и со секоја нација која ги почитува основните принципи на Повелбата на ОН во отфрлањето на какви било измислени исходи што Русија ќе ги објави“ – рече Бајден.

Во четири украински региони под руска контрола вчера почна гласањето за референдуми за приклучување кон Русија.

Гласањето ќе трае до 27 септември, кога ќе почне пребројувањето на гласовите.

24.09.2022 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега