Бајден прими трета доза од вакцината против ковид

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, денеска ја прими третата доза од вакцината против ковид-19. Тој се надева дека со овој потег ќе биде пример за Американците да масовно да се вакцинираат против коронавирусот.

Во САД, минатата недела е одобрено давањето на трета доза од вакцината на производителот „Фајзер“ за неколку категории на лица и тоа: постари од 65 години, лица над 18 години кои имаат слаб имунитет и се со ризик да развијат потешка форма на ковид, како и за лицата кои се постојано изложени на ризик од вирусот.

Бајден. кој има 78 години, првата доза на вакцината против коивд ја прими на 21 декември минатата година, а втората доза ја прими на 11 јануари годинава. Американскиот претседател најави дека и неговата сопруга, Џил, наскоро ќе пирми трета, засилувачка доза.

Околу 60 милиони Американци имаат право на трета доза против ковид, а ќе може да ја примат откако ќе поминат најмалку шест месеци по примањето на втората доза.

 

27.09.2021 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега