Бајден: Нема да стоиме настрана, ќе помогнеме на цивилите во Газа

 

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека САД нема да стојат настрана и дека прават се за цивилите во Газа да добијат хуманитарна помош.

„САД прават се за поголема помош да добијат оние во Газа на кои таа им е очајно потребна“, напиша Бајден на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека САД „нема да застанат настрана и нема да се откажат“.

Американскиот весник „Њујорк тајмс“ претходно денеска објави дека американската потпретседателка Камала Харис барала од Бајден да проговори за хуманитарната ситуација во која се наоѓаат жителите на Газа.

Во текстот на весникот, во кој се цитираат четири лица запознаени со ова прашање, таа повеќе пати им кажала на Бајден и на другите во Белата куќа „дека администрацијата треба да покаже поголема емпатија за палестинските цивили со тоа што јавно ќе зборува за високиот број на жртви во Газа и за тешката положба на преживеани“.

САД во претходните денови почнаа да доставуваат хуманитарна помош за цивилите во Газа по воздушен пат.

05.03.2024 - 21:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа