Close Menu
Press24
    Најново

    Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија

    13.03.2026 во 10:01

    Бавна испорака, оштетени пратки – Незадоволни третина од онлајн купувачите

    13.03.2026 во 09:59

    (ФОТО) Тага во домот на Марија Шерифовиќ: На сите ќе им недостигаш

    13.03.2026 во 09:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ предупредува: Се подготвува напад врз Србија
    • Бавна испорака, оштетени пратки – Незадоволни третина од онлајн купувачите
    • (ФОТО) Тага во домот на Марија Шерифовиќ: На сите ќе им недостигаш
    • ФОТО: Министерството за Култура се огласи по смртта на Кили: Неговиот талент остави значаен белег
    • ДУИ предлага итни мерки: Поскапи горива од понеделник, власта да направи нешто
    • Хорор во украинска мртовечница: При обдукција на војник во телото пронајдена неексплодирана граната, наредена е итна евакуација
    • Спремете се за гужви во сабота – Протест ќе затвори дел од улиците во Скопје
    • Димитриевски: Филипче се бори само за фотеља, а на Груби местото му е во затвор, а не во домашен притвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

    Азески на состанок на Советодавниот одбор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана

    13.03.2026 во 08:572 Mins Read
    Стопанска комора
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Делегација на Стопанска комора на Северна Македонија присуствуваше на свеченото одбележување на 80-годишнината од основањето на Економскиот факултет, Универзитет во Љубљана, еден од најпрестижните економски факултети во Словенија и регионот на Централна и Југоисточна Европа. Факултетот, основан по Втората светска војна, постепено се разви во модерна, меѓународно ориентирана бизнис-школа и редовно е вклучен меѓу 95-те најдобри високообразовни институции во Европа според рангирањето на Financial Times. Тој поседува три најпрестижни меѓународни акредитации за бизнис-школи: AACSB International, EQUIS и Association of MBAs (AMBA), што го позиционира факултетот во глобалната елита на бизнис образованието. На настанот се обрати и претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар.

    Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, кој е член на Советодавниот одбор на факултетот, активно учествуваше во дискусијата посветена на долгорочната стратегија на институцијата и предизвиците поврзани со наставните методи во ерата на вештачката интелигенција. „Вештачката интелигенција треба паметно да се користи за унапредување на образованието, а не да ја потиснува аналитичката и критичката мисла на младите генерации дипломци и постдипломци“, истакна Азески.

    Членови на Советодавниот одбор се и Ана Паула Африкано С. Силва од Универзитетот во Порто, проф. Ана Бломбек од меѓународниот факултет за бизнис во Јеншепинг, проф. Хана Холмс од Градскиот универзитет во Манчестер, Паола Папаниколау од банкарската групација „Intesa Sanpaolo“, проф. Маркус Рудолф од Факултетот за менаџмент „Ото Бајсхајм“ во Диселдорф, проф. Руперт Заусгрубер, ректор на Виенскиот универзитет за економија и бизнис, Јанез Шкрабец, генерален менаџер на „Riko d.o.o.“ од Словенија, Бранко Зибрет од „Kearney“ во Австрија и Валтер Лебан, претседател на Управниот одбор и CEO на “Колектор” АД, Словенија.

    Популарно

    Трамп дава зелено светло за руска нафта – Потег што го тресе светскиот енергетски пазар

    13.03.2026 во 08:10

    Тоа место многу го сакаше – Откриено каде ќе биде погребан Кили

    13.03.2026 во 08:19

    ЕВН најави исклучувања – утре ќе нема струја до 15 часот

    11.03.2026 во 14:04

    Нафтата поевтинува

    11.03.2026 во 12:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.