Автомобил прегази велосипедистка во Прилеп, жената загина на лице место

 

Четириесет и двегодишна жена загина во сообраќајна несреќа во Прилеп, кога додека управувала велосипед во неа удрил автомобил.

Несреќата се случила синоќа на улицата Александар Македонски.

„Патничко возило „фолксваген“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(54) од с.Славеј, прилепско, удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп“, велат од МВР.

Од здобиените повреди жената починала на лице место, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

10.06.2023 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа