Автомобил излетал од патот, тешко повреден возачот


Вчера во 14.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на магистралниот пат Градско – Прилеп, кај село Дреново, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(31) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кавадарци.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

21.03.2024 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега