Автомобил излетал од патот кај Превалец- маж со тешки повреди пренесен во болница

 

Автомобил излетал од патот во близина на железничкиот премин кај Превалец, по што возачот на возилото се здобил со повреди и бил пренесен во болница.

„На 14.07.2020 во 15.45 часот било пријавено дека на патот Чашка – Велес, после железничкиот премин во населба Превалец,  патничко возило „рено клио“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(74) од Велес, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош“ велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега