Автобуска несреќа во Турција, едно лице загина, 20 се повредени

Возачот на автобусот загина, а 20 руски и белоруски туристи се повредени кога автобусот денеска удри во бетонски столб на влезот од крстосницата на мостот Манавгат во Анталија, Турција.

Повредени се 16 државјани на Русија и четворица државјани на Белорусија, кои по укажаната прва помош се префрлени во болниците во Манавгат.

Возачот бил извлечен од автобусот од пожарникарите бидејќи предниот дел од возилото бил целосно уништено, јавува „Танјуг“.

Несреќата се случила кога автобусот, кој требало да однесе руски и белоруски туристи од хотел во Аланија до аеродромот во Анталија, удрил во бетонски столб на влезот на спојот на мостот во Манавгат, јави турската НТВ.

Од силината на ударот автобусот бил отфрлен на спореден пат.

03.07.2024 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега