Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во централниот дел на Стокхолм, автобус удри во автобуско стојалиште, при што животот го загубија повеќе лица, а има и повредени, соопшти шведската полиција.

Инцидентот се случил околу 15 часот на улицата Валхалавеген, една од главните градски сообраќајници во шведската престолнина. Полицијата соопшти дека случајот е класифициран како тешко убиство од небрежност и дека истрагата е во тек. Поради безбедносни причини, засега не се открива точниот број на загинати, ниту нивните идентитети.

Надлежните најавија дека повеќе информации ќе бидат објавени по завршување на првичните истражни постапки.

Exit mobile version