Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска од Абу Даби испрати јасна порака во врска со мировните преговори за Украина. Тој нагласи дека Европската Унија не го затвора патот за дипломатија со Москва, но инсистира на единствен и координиран пристап, отфрлајќи ја можноста за водење тајна или паралелна дипломатија.

Мерц, кој е во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, го поздрави тековниот преговарачки процес во Абу Даби, каде што моментално се одржува втората рунда трилатерални разговори меѓу Украина, Русија и САД.

„Секако, секогаш сме подготвени за разговори со Русија. Ако можеме да придонесеме овие разговори да бидат уште поуспешни, ќе го сториме тоа. Но, нема да отвориме никакви паралелни канали за комуникација“, изјави Мерц за новинарите.

Exit mobile version