АВМУ: Од утре прекршочни за радиодифузерите кои ќе продолжат да емитуваат ППР со малолетници

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) со мониторингот на изборното медиумско претставување од кампањата за Предвремените парламентарни избори 2020 година повторно констатираше дека одредени телевизии емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) во кое има малолетници, што е спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик.

– Имајќи предвид дека радиодифузерите се одговорни за законитоста на содржините кои ги емитуваат, Агенцијата предупредува дека од утре, секое емитување на ППР во кое има малолетници ќе биде предмет на прекршочна постапка, наведуваат од АВМУ.

За да се избегнат ваквите случаи, оттаму апелираат радиодифузерите внимателно да ги прегледуваат сите содржини, а оние кои не се во согласност со Изборниот законик и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да одбијат да ги емитуваат. Воедно ги повикуваат учесниците во изборната кампања да го усогласат нивното платено политичко рекламирање со законите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега