Авион принудно слетал во Сплит поради дојава за бомба
Патнички авион на компанијата „Спартвингс“ кој летал на релација Прага – Сплит, е призмјен денеска по дојава за бомба.
Министерството за внатрешни работи потврдил дека авионот на релација Прага – Сплит слетал на аеродромот и веднаш почнала стандарна процедура за дојава за бомба.
Како најавуваат хрватските медиуми, авионот е изолиран, а сите патници излегле од леталото.
25.06.2021 - 19:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа