Авион падна врз терен за голф во Јужна Каролина

 

Три лица загинаа, а едно лице е повредено денеска кога мал авион падна на голф терен во Норт Миртл Бич, Јужна Каролина.

Очевидец опишал на социјалните мрежи како тој и неговата сопруга виделе како авионот спирално паѓа додека стоеле на црвено светло на семафорот на улицата.

„На жената и го покажав авионот што паѓаше пред нас и по неколку секунди почна да издува чад“ рекол очевидецот.

„Возилата за итни случаи набрзина поминаа покрај нас и сето тоа се случи додека чекавме да се смени светлото на семафорот“, кажа тој.

Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат чад како се издига над теренот за голф.

02.07.2023 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега