Author: Author 04

По неколкумесечна борба за живот, почина Владимир Блажев, попознат како Панчо, кој настрада во големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Блажев почина во болницата каде што се лекуваше од тешките повреди здобиени во огнената стихија.

Повеќе

Градоначалникот и кандидат за нов мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, со писателката Ксенија Николова разговараа искрено и отворено за состојбите во културата, поддршката за младите талентирани автори и уметници и културниот идентитет на Општина Центар. Се согласија дека на младите луѓе им е потребен вистински простор и соодветни услови за да ги изразат и развиваат нивните креативни идеи. Герасимовски потенцираше дека Општина Центар, како ретко која друга општина, инвестира во квалитетна културна програма и младиот креативен уметнички капацитет. „Приоритет ни се нашите уметници и творци и затоа имаме најдобра урбана културна сцена во Скопје. Пример за тоа се муралите…

Повеќе

Легендарниот Халид Бешлиќ ја загуби битката со ужасна болест на 7 октомври, а вчера околу 50.000 луѓе го испратија на вечно почивалиште во Сараево. Огромен број луѓе излегоа на улиците на Сараево за да му оддадат последна почит на легендарниот пејач, а по комеморацијата, на која присуствуваа многу гости, се огласи познатата водителка Хана Хаџиавдагиќ. Таа сподели објава во која нагласи колку е тажна затоа што на комеморацијата присуствуваа само поканети гости. Меѓу многуте гости кои присуствуваа на величественото збогување со легендата на народната музика, имаше и бројни гости. Сепак, најголемо внимание привлече регионалната легенда Дино Мерлин, кој одржа трогателен…

Повеќе

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска од седиштето на СДСМ изјави дека реформата на јавните претпријатија ќе биде нејзин врвен приоритет, затоа што токму тие се основата за функционален, уреден и хуман град. Таа оцени дека Скопје денес изгледа запуштено, нечисто и хаотично затоа што јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, долгови и неспособно раководство. „Граѓаните плаќаат за услуги, а добиваат несобран смет, нефункционален јавен превоз и хаотична инфраструктура“, истакна Шукова. Таа најави дека во администрацијата на Град Скопје ќе спроведе вистинска реформа, со цел јавните претпријатија конечно да им служат на луѓето, а не на партиите.…

Повеќе

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа во текот на неделава. Изјавата доаѓа откако американскиот претседател навести дека би можел да му дозволи на Киев да добие ракети со долг дострел „Томахавк“ доколку Русија не ја прекине војната против Украина. Во изјава за новинарите во Киев, Зеленски посочи дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон во петок. Најави дека ќе разговараат за воздушната одбрана на Украина и капацитетите за долг дострел. Прашан за ракетите „Томахавк“, Зеленски рече дека е рано да се споделуваат детали, додавајќи дека за тоа прашање треба да…

Повеќе

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска ќе престојува во работна посета на САД, каде што ќе учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, коишто се одржуваат оваа недела во Вашингтон. Посетата ќе биде можност Димитриеска-Кочоска на средби со високи претставници од овие меѓународни финансиски институции да ги претстави економските и пред сѐ фискалните политики што ги спроведува Владата, напорите за фискална консолидација, за одржување макроекономска стабилност и за обезбедување одржлив економски раст, соопшти Министерството за финансии. Предвидено е министерката да има средби со заменикот на генералниот директор на ММФ Бо Ли, извршниот директор Јерон…

Повеќе

Државниот инспекторат на Република Хрватска го повлече производот од 500 грама „Комбино шпагети со црвена леќа“ откако беше утврдено дека содржи алерген – глутен, што не беше наведено на декларацијата на производот. Спорниот производ е ЛОТ 162210, со рок на траење од 3 јули 2026 година, испорачан од Spaichinger (Германија), додека се продава на мало од Lidl Croatia d.o.o. Според соопштението, производот не е во согласност со прописите за безбедност на храната, имено Правилникот за утврдување на општи принципи и услови на Законот за храна, како и Правилникот за обезбедување информации за храната на потрошувачите. „Ги молиме сите клиенти кои…

Повеќе

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Во разговорите со центарци, тој најави дека во новата програма надоместокот за новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари. „За 50% го зголемуваме надоместокот за новороденче, од 7.000 на 10.000 денари. Со оваа мерка ги поддржуваме центарските семејства.. Родителите добиваат поголема финансиска поддршка во најважниот период, кога се раѓа нов живот и започнуваат нови семејни предизвици. Ги зголемуваме субвенциите за сите категории на граѓани“, рече Герасимовски. Тој, потенцираше дека развојот мора да продолжи, а концептот „За…

Повеќе

Жената Ж. Н. (46) била примена рано утрово во Ургентниот центар во Белград со прострелна рана. Неофицијално како што пренесуваат тамошните медиуми, таа била застрелана во ногата со пиштол и со брза помош била пренесена во болница. Како што се дознава, Ж.Н. им кажала на полицајците дека се самоповредила по расправија со сопругот. Оваа информација се проверува и нејзиниот партнер ќе биде сослушан. Според последните информации, повредената жена е надвор од животна опасност. Според неа, на сè му претходела расправија меѓу сопружниците. За случајот е известено надлежното обвинителство.

Повеќе

Вчера во 10:00 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишија од слобода Д.З.(22) и Н.Д.(23), двајцата од Кочани, затоа што при преглед кај нив, кај Д.З. е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во домот на Д.З., при што се пронајдени и одземени марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе