Author: Author 01

Премиерот Христијан Мицкоски упати остри пораки за текот на македонските евроинтеграции, оценувајќи дека државата е жртва на класичен булинг од страна на земји членки на ЕУ. Според него, напредокот на земјава не се вреднува според реформите, туку исклучиво преку наметнување политички услови. „Не се цени напредокот, туку тоа дали ќе го промениме Уставот, банкнотите, знамето. Колку повеќе го игнорираме тоа, толку потежок ќе биде патот“, изјави Мицкоски, посочувајќи прст кон претходната власт. Тој ги обвини поранешните политички гарнитури дека поради неспособноста да се справат со домашниот криминал и корупција, прифаќале сѐ што ќе им се понудело на парче „бела хартија“…

Повеќе

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение упати остри критики за состојбата во правосудството за време на мандатот на претходната власт на СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ги за директно мешање, уцени и монтирање на политички случаи. Партијата ги посочува тогашните правосудни органи како „Русковска обвинителство“ и „Кацарска судство“, кои според нив, суделе по наредба на Зоран Заев и Али Ахмети. Како крунски доказ за овие тврдења, партијата го посочува неодамнешното интервју на поранешниот судија на Врховниот суд, Ристо Катевеновски. Според наводите во соопштението, Катевеновски сведочел дека бил разрешен од функцијата откако одбил да даде позитивно мислење за предмет од поранешното СЈО поврзан…

Повеќе

Основното јавно обвинителство во Струга побара итни мерки на претпазливост против две правни лица од струшкото село Велешта, кои се сомничат дека го предизвикале енормно загадување на водата за пиење во градот. Според официјалното соопштение, истражните органи при увид на терен затекнале работни машини на овие две компании како вршат кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем. Овие активности се одвивале во непосредна близина на извориштето во селото Шум, од каде што подрачјето на Струга се снабдува со вода. Поради основани сомневања за сторени кривични дела – „Незаконита експлоатација на минерални суровини“ (член 225-а) и „Загадување на водата…

Повеќе

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) преку писмено соопштение упати остри критики до актуелната власт во врска со економската состојба на граѓаните и владините трошења. Од партијата посочуваат дека животот во земјава станува сѐ поскап и дека работниците едвај врзуваат крај со крај. Повикувајќи се на последните податоци, од СДСМ информираат дека синдикалната кошничка за месец февруари достигнала 67.400 денари. Според нивните пресметки, на едно четиричлено семејство не му се доволни ниту три минимални плати за покривање на основните месечни потреби за храна и сметки, при што нагласуваат дека над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Паралелно со…

Повеќе

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа дури 373 контроли во објекти за производство и промет со таканаречена здрава храна. Епилогот од акцијата се 1.010 килограмиуништена небезбедна храна и изречени парични казни во вкупна вредност од 20.550 евра. При контролите е откриено дека дури 14 оператори воопшто не биле регистрирани во Агенцијата, односно работеле на диво. Поради утврдените недоследности, инспекторите издале 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни. Сликата на терен покажала сериозни пропусти во безбедноста и квалитетот на храната што им се нуди на граѓаните како „здрава“. Кај девет оператори се утврдени незадоволителни хигиенски и технички…

Повеќе

Утрово најниската температура во државата е измерена на Попова Шапка, каде термометрите покажаа минус три степени, а снежната покривка достигна точно 100 сантиметри. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најтопло било во Кавадарци со седум степени. Минусни температури се регистрирани и во Берово (-1), додека во Маврови Анови беше нула степени. Во останатите градови утринските температури се движеа од еден степен во Претор, Струмица и Крушево, до шест степени во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Гевгелија. Изминатото деноноќие донесе и значителни врнежи. Најмногу дожд наврна во Битола – 20 литри на метар квадратен, потоа следат Претор со 15,…

Повеќе

Поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Во Битола е регистриран одрон на магистралниот пат Е-65 и излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја. На подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање. Во Општина Кратово поради повремени врнежи од дожд е зголемено нивото на Кратовска и Крива Река, без излевање. Во Општина Новаци нивото на Црна Река изнесува околу 280 сантиметри, а во Општина Демир Хисар водостојот на реката Црна е зголемен, без значителни излевања.…

Повеќе

Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за оваа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО, каде што таа ѝ беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на Ленче Ристоска. – Дури и во „Мамас“ како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите што ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Чудно е, од друга страна, пак, што ист човек во својата приватна фирма…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна тргвија Тимчо Муцунски на Фејсбук објави дека денеска телефонски разговарал со новоименуваната шефица на бугарската дипломатија Надежда Нејнски. – Упатив искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посакав успех во извршувањето на функцијата. Во разговорот нагласив дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка. Воедно, иницирав билатерална средба која би се реализирала во наредниот период, пишува Муцунски на својот Фејсбук.

Повеќе

Откако претседателот на македонската Влада, Христијан Мицкоски, вчера при готвување во Канал 5 изјави дека Ленче Ристоска не е кандидат што Владата го разгледува за функцијата државен јавен обвинител, со реакција се јави и обвинителката. -“Кога кандидат однапред се исклучува без анализа на неговата програма и професионален пат, тоа отвора прашања за природата на критериумите што се применуваат. Уверена сум дека избор од вакво значење мора да биде заснован на квалитет, а не на подобност. Професионалците во системот мора да знаат дека нивниот труд и стручност се единствената валута што треба да одлучува. Во спротивно, ризикуваме да испратиме порака дека…

Повеќе