Вчера во 19:11 часот во ОВР Делчево е пријавено дека на патот Делчево-село Ѕвегор, делчевско, патничко возило „ауди а4“ со делчевски регистарски ознаки, управувано од М.А.(20) од с.Ѕвегор, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот М.А. и 19-годишната сопатничка А.М. од село Нов Истевник, делчевско, констатирани во Клиничката болница Штип, додаваат од полицијата. 

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Делчево. 

Exit mobile version