Арсовски: Власта троши народни пари на спотови со цел на оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ

Активниот бојкот во Собрание, да функционира, меѓутоа во текот на 2022-рата година над 30-тина закони кои што се во интерес на граѓаните се поминати во Собранието на Република Македонија и не биле цел на бојкот. Она што се бојкотира, нормално е да се бојкотира бидејќи не е во интерес на граѓаните, во теснопартиски интерес на власта еве на пример конкретно изминативе неколку дена сведоци сме на предлозите за уставни судии. Практично каде што власта по секоја цена се обидува да избере уставни судии кои што ним им се блиски и ним им се важни да бидат избрани, а воопшто немаат практично никакво портфолио за да седнат на тоа столче, а беа добри кадри други предложени од страна на опозицијата од ВМРО-ДПМНЕ и беа одбиени“,истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Топ Тема“.

Арсовски додаде дека власта продолжувала со голата политика, со фокусот кон ВМРО-ДПМНЕ, кон оцрнување, она кое што го правела по цели денови.

„Власта троши народни пари на спотови со цел на оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ наместо да се фокусира на решавање на реалните проблеми“, нагласи портпаролот.

„Она кое што исто така ВМРО-ДПМНЕ го имаше предложено во текот на пролетта каде што уште тогаш говоревме дека ни претстои сериозна економска и енергетска криза, предложивме тимови во неколку области да работат заедно со тимови од власта во надминување на проблемите и на кризите кои што ги има и следат на Република Македонија, но тие беа одбиени од страна на власта. Зошто беа одбиени? Беа одбиени затоа што им сметаше да некој навистина направи нешто добро за државата и бидејќи така би им го нарушил комодитетот на крадење, на пљачкање на државата и на пљачкање на народните пари“, нагласи тој.

Арсовски рече дека стратегија и легитимна цел на ВМРО-ДПМНЕ е рушење на ненародната власт која државата ја втурна во безброј кризи.

„Рушење на власта тоа мора да се случи, а мора да се случи затоа што резултатот изминативе неколку години на власта е крајно поразителен во секој поглед. Од она кое што можеме да го видиме е дека не се справува со криминалците, како на пример бегството на Ден Дончев во Австралија, а кој што беше обвинет за сериозен криминал, до немањето на учебници, до сериозната инфлација, до енергетската криза“, појасни портпаролот.

21.09.2022 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега