Арсовски: Наместо реализација на проекти од корист на граѓаните, Шилегов се задскрива зад промена на имиња на булевари

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Што не е јасно" гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски кој се осврна на лошите владини политики, криминалните афери, како и на стагнацијата насекаде низ земјата од страна на локалните власти.

Градот Скопје имаше многу посериозни проекти и ветувања кои требаше да ги реализира, наместо да менува имиња на улици и булевари низ Скопје. Петре Шилегов ветуваше брда и долини, но ова е реалната слика, тие се едноставно неспособни и не се спремни за големи предизвици, истакна Арсовски.

Шилегов ветуваше улица под Калето, луна парк, нови булевари, градско метро, а од сето тоа видовме само промена на имиња на улици и булевари и тотална ликвидација на езерото Треска, кое е синоним за Скопје и скопјани. Наместо да се сочува и ревитализира, езерото се уништува и се дозволува на истото место да се градат згради и хотелски капацитети, на кои сите знаеме која им е целта, вели Арсовски.

"Се градеа нелегални платформи на Матка, се градеше нелегална градба кај Мавровка, а Шилегов го премолчи тоа. А сега кога се руши езерото Треска, Шилегов застана во одбрана на бизнисмените, бидејќи најверојатно има личен интерес од новоградбите кои се спремаат во тој дел од градот. Граѓаните не видоа никаква придобивка од Петре Шилегов, ниту пак од другите градоначалници од скопските општини. Насекаде чемер и јад". додаде Арсовски.

СДСМ повторно докажа дека не се способни да раководат ниту со општините, ниту со градот Скопје, а најмалку со Република Македонија. Тие се еклатантен пример за луѓе кои не се кадарни да работат на позициите на кои се поставени и ги гледаат своите позиции само како извор на материјални средства со кои се ситуираат самите себеси и блиските соработници. Токму поради тоа овие луѓе ќе заминат во историјата, а потоа е прашање дали после долго време повторно ќе имаат шанса да управуваат со општините низ Скопје и Република Македонија, заврши Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.02.2021 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега