Арсовски: Набавување на вакцини е гол ПР на СДСМ, последиците ги трпат граѓаните по нивното здравје

Утринава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски гостуваше во „Лидер Радио“ при што говореше за неуспехот на владата во набавувањето на вакцини против КОВИД-19 и справување со истата пандемија.

„Би ја поздравил Твитер заедницата, утрото додека возев навака накај Вашето радио прочитав еден многу интересен твит кој вика на Македонија и се случувало и на владата  конкретно она што му се случува на еден просечен македонски граѓанин кога ќе отиде на институција. Собира, собира, собира документи оди на шалтер и му викаат,а ти фали уште еден документ и уште една уплатница. Така да во суштина она што се случува во моментов со оваа Влада во однос на набавка на вакцини и се останато во справување со пандемијата е крајно разочарувачко, е крајно загрижувачко“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во „Лидер Радио“.

Арсовски додаде дека е страшно што се случува во македонското здравство, вчера за жал дури и човек се самоуби во ГОБ „8-ми Септември“ во КОВИД центарот, а тоа е уште позагрижувачко. И целата сага околу самата набавка на вакцини, и околу справување со пандемија, околу несериозноста и класичното лажење на Венко Филипче и Зоран Заев, мислам дека се повеќе влијае кај граѓаните. Ова е класично поигрување со интелигенцијата на граѓаните од страна на Заев и Филипче.

„Вчера имаше конкретен пример со господинот Венко Филипче кој што е министер за здравство, истиот тој сосема случајно на својот профил имаше најавено дека баш 8.000 се регистрирале на сајтот vakcinacija.mk кој што патем не беше ни функционален во првите десетина часа. Се што прават од оваа власт е купи ден, помини. Се што прават е крајно непрофесионално и несериозно. И се што прават е само гола политика и гол ПР. Почнувајќи од овој обичен случај каде што 8.000 вакцини како донација добиваат од соседна Србија, која што во моментов сакајќи или не се изгради како лидер во регионот во однос на спроведување на вакцинација и справување со КОВИД пандемијата“, појасни Арсовски.

Арсовски посочи дека кога Србија донира 8.000 вакцини, Венко Филипче искористи да каже дека токму 8.000 граѓани се регистрирани на сајтот кој што за жал и не беше функционален за вакцинација. И сето ова само докажува дека власта води гол ПР и гола манипулација на граѓаните.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2021 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега