Арсовска од Бутел: Општината има потреба од итно решавање на инфраструктурните и канализациски проблеми

 

 

 

Решавање на инфраструктурните и сообраќајни проблеми и целосна изведба на фекална и атмосферска канализација се само дел од многуте проблеми кои ги истакнаа жителите на Бутел и Радишани на денешната средба со независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.

„Премногу неисполнети ветувања кои значат подобрување на условите за живот на граѓаните во оваа општина. Граѓаните не бараат многу. Решенијата се брзи и едноставни, доволно е само да се работи одговорно и посветено. Немање на поликлиника, недостаток на квалитетни инфраструктурни и сообраќајни решенија, трајно решавање на проблемот со канализациска мрежа, повеќе зеленило и место за спорт и рекреација на граѓаните се дел од барањата за кои имаме капацитети како да ги испорачаме и тоа во првите две години од мандатот”, вели Арсовска.

 Таа посочи дека граѓаните сакаат личност која ќе ги донесе промените за подобро Скопје, градоначалник кој пред се ќе биде добар и успешен менаџер кој успешно се справува со сите предизвици во градот.

 „Скопјани бараат личност која знае и умее како да менаџира со градот, градоначалник кој ќе им овозможи нормални и достоинствени услови за живеење за сите граѓани подеднакво и токму ова го истакнаа и моите сограѓани со кои разговарав вечерва. Тие сакаат да знаат дека се еднакви и дека подеднакво се вложува и работи во сите општини и населени места. Тоа е она што во моментов му фали на Скопје. Имаме делови од градот коишто се заборавени, а потребите и проблемите на граѓаните не се слушаат. Јас ги имам потребните менаџерски компетенции и знам како. Заедно со граѓаните ќе ги донесеме промените за Скопје кое ќе прерасне во модерен и европски град со кој сите ќе се гордееме”, истакна Арсовска.

22.09.2021 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа