Арсовска: Непокорот и одлучноста за создавање независна држава ги водеа борците кои ги дадоа своите животи за Македонија

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го честиташе празникот Илинден.
„Нека е за многу години Илинден. 
Непокорот и одлучноста за создавање независна држава ги водеа борците кои ги дадоа своите животи за Македонија.
Одбележуваме 119 години од Илинденското востание и 78 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на кое се поставени темелите на Македонија, во Скопје пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот Македонија, споменикот на АСНОМ и споменикот на Никола Карев, како одраз на почит и вечен спомен. Илинден е вечен потсетник на борбата за слобода на македонскиот народ и на тоа како се поставија темелите на македонската државност.
Овие два настани се потсетник за борбата и заложбите за независна, слободна и суверена Македонија, на аманетот дека треба да градиме иднина за Македонија во која соживотот, солидарноста, демократијата и просперитетот на граѓаните се императив.
Нека ни е честит и вековит денот на Републиката“, напиша на својот профил на Фејсбук.

02.08.2022 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега