Денес функцијата му ја предадов на новоизбраниот Градоначалник на град Скопје, на кој му посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот како градоначалник на сите граѓани, напиша на фб екс градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Ви благодарам на сите за континуираната поддршка, особено во мојата борба против организираниот криминал и корупцијата во градот, мисија во која ќе продолжам за да победи правдата, да понесе одговорност Висар Ганиу кој со својата организирана криминална банда до денес загрозува животи на илјадници наши сограѓани, стои во објавата на градоначалничката.

Exit mobile version